Музичарот и режисер Александар Ристовски – Принц се пофали дека неговата ќерка Стефанија ја промовира својата прва стихозбирка, „Наштимана тишина“. Промоцијата на стихозбирката се одржа минатата недела во МКЦ.
„Со гордост, но и со страв дека ќе делувам ко психо амбициозен татко кој ги бута децата, а всушност само се обидувам да ја следам нивната космичка моќ. Ве поканувам на промоцијатана првенецот стихозбирка „Наштимана тишина“ од Стефи. Сите, а особено тие кои лично ја познаваат, сте добредојдени“, напиша Принц пред промоцијата, а потоа сподели и неколку слики од потпишувањето на книгата.
Музичарот долги години е во брак со модната дизајнерка Розa Трајческа. Освен ќерката Стефанија, двојката го има и синот Јаков кој е музичар и свири тапани.