Ќерката на Тамара првпат ќе пее на „Златно славејче“

Хана, ќерката на Тамара Тодевска, ќе пее на годинашното „Златно славејче“. Ова е прва песна на Хана, се вика „Битбокс кралица“, а ја направија Роберт Билбилов и Игор Џамбазов, кои ѝ ги направија некои од најголемите хитови на Тамара.

„Мојата Хана ќе пее на ‘Златно славејче’ на 13. ноември во Македонска филхармонија песна. Тука започнале многу кариери, се откриле голем број таленти. Не знам дали Хана ќе го продолжи мојот пат, но со сигурност ќе ја има мојата поддршка за што и да се одлучи“, напиша Тамара и ги повика фановите да дојдат во Филхармонија и заедно да се забавуваат со новите детски хитови.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Tamara Todevska (@tamaratodevska)

Scroll to Top