Ќерките на Сузана Гавазова пееја на детски фестивал: Среќна сум што тргнуваат по мојот пат

Ќерките на фолк-пејачката Сузана Гавазова, Селена и Емили, пеeja на детскиот фестивал „Вртелешка“ во Струмица.

„Вечерва драги пријатели од 20:00 часот во домот на културата ‘Антон Панов’ моите ќерки ќе пеат на фестивалот ‘Вртелешка’ во Струмица. Многу сум среќна што тргнуваат по патот на музиката. Овој ден го чекам цел живот“, напиша Гавазова.

Пејачката се пофали со неколку фотографии на социјалните мрежи по настапот на ќерките.

Двете ќерки пејачката ги има со сопругот Јасмин, кој е по потекло од Босна, а заедно живееја во Шведска.

Детскиот фестивал „Вртелешка“ се одржа првпат во Струмица. Тој е авторски проект на професорки од основното музичко училиште „Боро Џони“, Ана Тимова и Костадинка Ончева.

Scroll to Top