Киану Ривс изненади младенци, им дојде на свадбата во село

Еден британски пар доби изненадување на денот на нивната венчавка кога Киану Ривс се појави како гостин на приемот. 57-годишниот актер се појави на свадбата на Џејмс и Ники Роуднајт во понеделникот во хотелот „Фосли Хол“ во Нортхемптоншир.

„Мојот сопруг го виде актерот во барот и му рече дека штотуку се оженил и го покани Киану да се поздрави и да наздрави со нас ако сака. Тој беше многу пријателски расположен и рече дека ќе го направи тоа подоцна. Не знаевме дали ќе сака или не, но беше кул што мојот сопруг разговараше со него. Еден час откако сопругот го поканил член на персоналот во хотелот и пришол на невестата за да ја извести дека надвор е „многу посебен гостин“ и сакал да разговара со неа. Ники на Твитер ги сподели фотографиите кои парот ги направи со актерот.

„Сето тоа беше многу возбудливо и отидов да се поздравам и да се претставам, и му понудив пијалок, но тој го одби тоа и рече дека штотуку имал долг лет и дека не може да остане долго, но тој беше толку љубезен и пријателски настроен и ни честиташе за нашата свадба.

Тој направи неколку фотографии , а потоа одвои време да разговара со некои од нашите гости и да направи повеќе фотографии.

 

 

Scroll to Top