Македонскиот ракометар на сите времиња, Кирил Лазаров, влезе во Куќата на славните на ЕХФ, која Европската ракометна федерација ќе ја отвори вечерва на свечена манифестација во чест на јубилејниот 30-ти роденден.
Лазаров е меѓу првите 30-мина ракометари кои влегоа во Куќата на славните. Тој заедно со Олафур Стефансон и Ласло Наѓи, се тројцата десни бекови кои ќе бидат први членови во Куќата на славните.
Лазаров е единствен Македонец на оваа листа, а меѓу 30-мината кои исто така станаа членови на Куќата на славните се и големи ракометни имиња.