Дваесет и осум годишниот фудбалер Мартин Јанушев вчеравечер беше застрелан со неколку куршуми во главата пред кафулето „Ред кафе“ во скопската населба Аеродром. Роден е на 28 јули 1989 во Скопје. Последен пат има играно за „Локомотива“, а претходно во „Маџари Солидарност“ и „11 Октомври“, пишува СпортМ.
Според очевидци, лицата што го застрелале му пришле пред влезот од неговата зграда, го застрелале со 4 до 5 куршуми во главата и во вратот и избегале. Случајни минувачи притрчале да му помогнат и веднаш со автомобил го однеле на Клиниката за хируршки болести „Свети Наум Охридски“ – Скопје. Лекарите 40 минути се обидувале да го спасат, по што била констатирана смрт на момчето.
Очевидците велат велат дека се се случило многу бргу, само чуле истрели и лицата избегале. Неофицијално, убиството го извршиле двајца, а идентитетот на еден од нив ѝ е познат на полицијата. Лицата во моментов се во бегство.
Дежурен јавен обвинител издал барање за прибавување на податоци, обезбедување на траги од лице место и за обдукција на починатото лице, по што ќе бидат познати повеќе детали.