Комеморација за Ванчо Петрушевски

Комеморацијата за актерот Ванчо Петрушевски (67) ќе се одржи денеска во Драмскиот театар со почеток во 10 часот.

Петрушевски настрада во саботата од струен удар додека работел качен на метална скала со електричен заварувач во својата викендичка во Орешани. По ударот, Петрушевски починал на самото место.

„Џинот од македонската актерска сцена својата кариера ја помина токму во Драмскиот театар уште од 1975 година и остави безброј актерски остварувања. Комеморацијата за Ванчо Петрушевски ќе се одржи со почеток во 10 часот во просториите на Драмскиот театар – Скопје“, известија од Драмскиот театар.

 

 

Scroll to Top