Концерт во Битола на композиторот и пијанист Никола Мицевски

Композиторот и пијанист Никола Мицевски на 9 декември ќе одржи концерт во Центарот за култура во Битола. На концертот тој ќе ја промовира музиката од неговиот нов албум New Era.

„Проектот New Era претставува симбиоза на различни жанрови, едно филмско начело фузирано со етно, рок и електро основи во служба на пијаното и солистичките инструменти“, вели организаторот Авалон продукција.

Ова ќе биде прв од неколкуте концерти што Мицевски ќе ги одржи низ Македонија. На сцената со него ќе се свири и бенд од 15 академски музичари.

Мицевски освен како пијанист, во јавноста е познат и како композитор, па низ годините соработуваше со Некст Тајм и Каролина Гочева. Тој е композитор на песните од последните два албума на Каролина од серијалот „Македонско девојче“.

Влезниците за концертот се веќе во продажба.

Scroll to Top