Кошаркар на Вардар влегува во реалното шоу „Задруга“

Доскорешниот кошаркар на Вардар Милорад Миновски од следната сезона ќе биде дел од  реалното шоу „Задруга“. Српскиот портал „Мондо“ го опишува македонскиот кошаркар како лошо момче чие тело е покриено со тетоважи и има проблеми со законот.

„Потпишав договор за влез во шоуто, а од поранешните членови на Задруга ги познавам Спејко и Моника Јованска од претходната сезона… Тоа што пишуваат медиумите дека сум бил во затвор не е точно, но сум осудуван, имав некои проблеми со законот. Некој клан поради улично недоразбирање ми го крена автомобилот во воздух претходната година. Сè тоа се случи пред мојата куќа“, рекол Миновски.

Милорад во минатото играше за неколку кошаркарски клубови како Ангели и Вардар, а беше дел и од „3х3“ екипи турнирот што се играше неодамна.

Scroll to Top