Крадци го ограбиле домот на пејачот Џони Темелков

Пејачот Драган Темелков – Џони, за кого јавноста вели дека прави едни од најдобрите журки во кафеана, во скорешно интервју откри дека крадци влегле во неговиот дом додека тој бил на настап. Тие не зеле техника, но му ја украле целата гардероба.

„Ова ми се случува втор пат и не знам што да кажам. И повеќе од јасно е дека во кражбата учествувал некој што ме познава. Ноќта кога влегле во мојот дом јас имав настап, најверојатно го знаеле тоа зашто претходно ме следеле. Ми собраа се гардероба, патики, часовници, очила за сонце… Штетата е голема, но да сме здрави и живи“, рекол пејачот во интервју за „Бекстејџ“.

Тој додал дека веднаш повикал полиција, но дека не знае дали ќе ги најдат крадците.

„Се шокирав кога се вратив од настап и видов дека вратата ми е скршена. Внатре беше се превртено, не можев да си поверувам на очите што гледам“, раскажал тој.

Scroll to Top