Хрватската издавачка куќа „Кроација рекордс“ ќе издаде албум со најголемите хитови на Влатко Стефановски. Албумот Greatest Hits содржи 17 песни, хитови кои виртуозот на гитара ги создаде во неговата соло кариера, откако замина од „Леб и сол“ во 1990 година. „Кандилце“, „Џипси сонг“, „Бистра вода“ и „Огледало“ се дел од песните на албумот што наскоро ќе се најде во продажба.
Освен што ќе има цеде, „Креација рекордс“ ќе издаде и двоен винил, а песните на Влатко ќе бидат поделени на две плочи.
Стефановски кој си замина од „Леб и сол“ 1990 година, првиот самостоен албум, „Каубојци и индијанци“ го издаде 1994 година. Последните години настапува со неговото трио „Влатко Стефановски трио“, во кое свират и неговиот син Јан Стефановски на тапани и Иван Кукиќ на гитара.