Со прекрасната изведба на песната „Ангел си ти“ која ја отпеаја Андријана Јаневска и Бојан Стојков, и во придружба на Џез Сценарио од Битола, во Крушево беше одбележан 42. роденден на поп-ѕвездата Тоше Проески.
Во Крушево дојдоа фановите од сите балкански држави за кој Тоше во срцата живее вечно.
„Крушево секогаш мириса на Тоше“, велат фановите кои беа во голем број денес.
Во Спомен домот беа изложени слики од уметницата Марија Бојкоска, а се промовираа и делата од 26-та керамичка колонија во Велес чија тема годинава беше „Тоше и 42-те маички за 42-риот роденден на Тоше“, штампани со победничкиот мотив изработен од Атанас Ташкоски од Крушево.
Годинава турнирот во мал фудбал Тоше Проески од Скопје се сели во Крушево, а Спомен домот продолжува да биде чувар на неговото лик и дело.
„Неговата музика да остане вечно во сеќавањето на тие што ја доживеавме во негово време и на младите кои доаѓаат“, вели Лефкија Гажоска, директор на Спомен домот Тодор Проески.
Како и секоја година за сите присутни се делеше торта.