Ксенија Николова на српски јазик ќе го претстави романот „Незадоволна“

Писателката Ксенија Николова ја објави официјалната корица на српското издание на романот „Незадоволна“ која наскоро треба да се излезе во Србија.  Романот на Николова беше издаден на три јазици, а допрва ќе биде претставен пред српската публика.

Српското издание на „Незадоволна“ ќе биде издадено од Нова Поетика Издаваштво.

Писателката раскажува како го започнала да го гради патот на писател во нашата земја. Како мало дете почнала скришно да пишува, а в светот на уметноста го пронашла мирот.

„Пишувам од кога знам за себе и тоа ми го спаси животот, во буквална смисла на зборот. Да не беше уметноста, кој знае каде ќе бев јас сега. Честопати размислувам за тоа и сум благодарна на Бог за секоја нова шанса. Неизмерно сум ви благодарна и вам, моја драга публико, нашиот спој е бесценет и јас тоа го чувствувам постојано. Држете ми среќа и очекувајте уште многу нови нешта од мене. Ќе ми значи и ќе се радувам ако ја споделите корицата со вашите пријатели во Србија, тоа е голема поддршка за мојата уметност“, напиша Николова.

Фотографијата која ја искористиле за насловната е од едиторијал сликан за Центар за обука ЕВА.

Scroll to Top