Ламбе и „Некст тајм“ ќе одржат бесплатни хуманитарни концерти во Тетово

На 10 и 11 август во Жена парк во Тетово бесплатни хуманитарни концерти ќе одржат Ламбе Алабаковски и „Некст тајм“. Концертите ги организира иницијативата „Го сакам Тетово“, а на самите концерти граѓаните ќе имаат можност да донираат средства за загрозено семејство од градот.

„Младите во Тетово се заборавени и секој ден го напуштаат нашиот град. Мора сите заедно да придонесеме за едно подобро Тетово, за еден подобар живот со подобри услови, иднина и опстанок на младите во Тетово“, вели Станислав Бојчески од иницијативата и еден од организаторите на концертот.

Иницијативата „Го сакам Тетово“ најавува и други настани во текот на летото.

Scroll to Top