Ламбе Алабаковски идната година во април заминува во Австралија. После 15 години тој повторно ќе одржи концерти за иселениците од Македонија.
Лабме заедно со Елена Ристеска, Ѓоко Танески и Ноне Неделковска во минатото беа на турнеја во Австралија.
Пејачот ја најави турнејата преку социјалните мрежи со фотографија на која пишува „Австралија турнеја – април 2023 “.
Најавената турнеја на Ламбе е во организација на ,,Република Ентертејнмент”.
Инаку Ламбе е дел од концертната турнеја на прокетот „Македонијо во срце те носиме“ која започува од 6-ти септември и ќе трае до 11-ти октомври низ градови во нашата земја.