Лара, ќерката на Симон Трпчески, ќе пее дует со Ирина Давидоска на Јуниор Евросонг

Лара Трпческа и Ирина Давидовска ќе ја претставуваат Македонија на Јуниор Евросонг, што на 11 декември ќе се одржи во Ереван, Ерменија. Тие се избрани на аудиција што се одржа минатата недела во Македонската радио-телевизија. Од МРТ велат дека пријавувањето за аудицијата траело од 14 до 21 јуни, а аудицијата е одржана на 23 јуни. Тие додаваат и дека со двете девојчиња ќе работи тим од реномирани композитори и музичари.

Лара е ќерка на виртуозот на пијано Симон Трпчески. Тие пред неколку дена ја промовираа нивната заедничка соработка, преработката на песната „За овој свет“ од Тоше Проески. Ирина, пак, лани, ја преработи песната „Еве ме пак“ од Александра Јанева.

(Видео) Ќерката на Симон Трпчески препеа хит од Тоше Проески

Scroll to Top