Лара Станчева од Скопје освои трета награда на Меѓународниот литературен натпревар во Токио

Лара Станчева, ученичка во седмо одделение во ООУ „Лазо Трповски“, ја освои третата награда на Меѓународниот литературен натпревар за млади 2021 во Токио, Јапонија. Таа учествуваше со прозни лични творби напишани во форма на есеи на тема „Смислата на животот“. Покрај неа, учествуваа 28.217 учесници од 161 држава.

Веста за нејзиното достигнување на објави претседателот Стево Пендаровски, кој ја пречека во својата вила на Водно. Тој објави фотографии од средбата со неа на својата официјална фејсбук-страница.

Scroll to Top