Лазар Бараков замина за Германија

Глумецот Лазар Бараков, кој лани стана дедо, замина за Германија за да го види внукот Стефан. Тој на „Фејсбук“ се пофали дека со неговата ќерка Викториа ќе одат во Висбаден, град во централниот дел на Германија. Глумецот не ја криеше радоста што ќе го види својот внук.

„Внучето Стефан нè чека на гости“, напиша 66-годишниот актер, најпознат по улогите во „Македонски народни приказни“ и „Трст виа Скопје“.

Стефан е прв внук на Бараков. Глумецот, кој е оженет за Лилјана, има три деца, ќерките Македонка и Викториа и синот Александар.

 

 

Scroll to Top