Легендарната пејачка Нина Спирова е погребана во селото Коштуниќи во Србија, а не во САД открива писателот Синан Гуџевиќ

Познатиот писател Синан Гуџевиќ во текст за Портал Новости го објави местото каде е погребана една од најпознатите македонски пејачки на забавна, староградска и народна музика Нина Спирова. Таа почива во селото Коштуниќи, место меѓу Чачак и Горњи Милановац во Србија.

Спирова беше позната по хитовите „Еден бакнеж“, „Молчи, молчи“, „Езеро мое“. Почина на 11 септември 2020 година на 82 години, а Гучевиќ вели дека многумина верувале дека живеела во Филаделфија и Германија, и дека таму и починала.

Тој пишува дека Нина е погребана на 13 септември, два дена по смртта и дека ја погребал свештеникот и поп Дејан Ракиќ, кој 12 години живеел во селото и кој вели дека лично се познавал со неа.

 „Заслужни за објавениот текст за тоа каде почива Нина, се двајца православни свештеници и една новинарка. За фотографијата стои личност која сакаше да остане анонимна. Свештениците се Златко Ангелески од Прилеп и Дејан Ракиќ од Коштуниќи, кај Горњи Милановац. Ангелески по професија е црковен протојереј, а по образование теолог. Ми се јави откако го прочитал мојот текст „Нина Спирова во Чачак“ ѝ ми напиша дека не починала во Филаделфија, како што стои во текстот, туку дека умрела во селото Коштуниќи, место меѓу Чачак и Горњи Милановац. Таму е ѝ погребана на 13 септември 2020 година. Ми посоветува дека н ајдобар извор за пејачката, е новинарката Ѓоргиевска“, пишува Гуџевиќ.

Ангелески не знае од каде и како се раширила веста дека Спирова починала во Америка. Уште почудно му било што таквата вест веќе била објавена во повеќе од 20 македонски веб-портали и дека веста ја преплавила цела Македонија. Вели дека протојереј Ангелески се грижи за културното наследство во Прилеп, а Спирова за Прилеп била ненадминлив и вечен глас.

„Благодарение на комуникациските капацитети што ги донесе технолошкиот напредок, во Коштуниќи најдов луѓе кои ја познаваа и присуствуваа на погребот. Поп Ракиќ беше свештеникот кој ја предводеше погребната церемонија. Дваесет години беше во Коштуниќи ѝ ја познаваше Спирова. Во парохијата дошол во 2000 година, а во тоа време Спирова веќе живеела во Коштуниќи. Била блиска пријателка со една мештанка од Коштуниќ, која работела во Америка, во Филаделфија. Кога мештанката се пензионирала, се населила во Коштуниќи, а тоа ја привлекло и Спирова да се насели. Со нив живеела и мајката на мештанката. Старецот Ракиќ добро се сеќава на самиот погреб. Вели дека пријателите и роднините го подигнале споменикот“, пишува Гуџевиќ.

„Истата личност која сака да остане анонимна, на моја молба го сликаше гробот. Преку овој текст сакам да ѝ се заблагодарам. Кога новинарката Ѓоргиевска се врати од одмор, сликата на Спирова беше комплетна. Таа никогаш не живееше во Филаделфија, само понекогаш ја посетувала нејзината пријателка од Коштуниќ. Новинари пишуваа дека живее во Америка и Германија, а луѓето кои веруваа во тие вести, ги земааа здраво за готово. Така настана и веста дека Спирова живее во Чачак , а тоа не е вистина, пишува Гуџевиќ.

„Таа живееше во Земун, на улицата 22. октомври на број 11. Тоа го дознав од Христина Ѓорѓиевска. Ѝ кажав дека десет години живеам во Земун и дека на 22 октомври поминував покрај улицата. На стотина метри од зградата во која живееше Спирова, живееше и поетот Новица Тадиќ, а од другата страна, малку подалеку на крстосницата, живееше Давид Албахари. Зградата во која живееше Нина Спирова многу добро ја познавам. Но, не знаев дека живее во неа. Не ни знаев дека е родена како Нина Спиркоска. Нејзиниот брат Димко се презива Спиркоски, така и сестра ѝ Милка додека не го зема презимето на сопругот Пухариќ. Пејачката Нина Спирова и поетот Богомил Ѓузел ги скратија презимињата од татко ѝ и уметнички се изолираа. Таткото на Нина Спирова, Кирил Спиркоски (1908-1986), се ожени во 1932 година за Љубица Кључаричек (1914-1991), која е родена во Челин кај Врбовац во Хрватска.
Љубица дошла во Прилеп со група пејачи и таму го запознала Кирил. На гробот на родителите на Нина, под презимето Спиркоски пишува Шиндевци. Тоа им е семеен прекар, по кој беа познати. Не само меѓу пејачите и музичарите“, пишува Гуџевиќ.

Спирова е родена во Прилеп во 1938 година. Првиот настап го имала на 16 години, а ќе остане запаметена по нејзините итерпретарции на „Бог да бие кој прв почна“, „Пилето ми пее“, „Не си го продавај Кољо чифликот“, „Судбо моја, судбино“, „Зајди, зајди, јасно сонце“, „Кажи, кажи либе Стано“ .

Од сцената се повлече во почетокот на 1980-те години, кога се пресели во Белград и Загреб. Подоцна многумина верувала дека живее во Германија и Филаделфија,

Учествувала во Скопскиот фестивал, а има соработувано и со најпознатите македонски автори, композитори и музички аранжери, меѓу кои Драган Ѓаконовски – Шпато, Љубомир Бранѓолица, Димитар Масевски и многу други.

Снимила повеќе од 80 композиции за музичката продукција на МРТВ. Меѓу нив се и хитовите: „Молчи, молчи“, „Еден бакнеж“, „Езеро мое“, „Далечен крај“, „Пелистерски очи“, „На овој ден“.

Со „Еден бакнеж“ на композиторот Петар Пешев учествувала на фестивалот Опатија во 1962 и добила прва награда. Овој евергрин беше носечка музичка тема во филмот „Сенки“ на македонскиот режисер Милчо Манчевски.

Scroll to Top