Водителката Лила Филиповска по борбата со ракот и сите неубави моменти кои што ги помина, сподели фотографија од времето пред да дознае за болеста. Вели дека иако е задоволна од денешниот изглед, сепак на моменти и недостига „старата Лила“.
„Понекогаш ми недостига старата јас, ама задоволна сум со новава“, додава водителката за фотографијата која ја објави на социјалните мрежи.
„,,Новава” е помудра, посилна, пофајтерка ( поборка) и посекси“, „Божица на убавината на времето во кое живееме – факт неспорен гледано од лајковите што ги добива од една мала земја и од неа процент на жители кои ја, гледаат Сител ТВ. Дефинитивно најпопуларна“, се дел од коментарите од блиски пријатели на Лила.
И покрај тоа што водителката помина низ лош период, никогаш не се откажа од она што ја прави среќна, а тоа се патувањата.
„Знаете дека години наназад патувањето е мојата терапија. Ништо не може да ме израдува повеќе од пакување на куферите . Најубавиот поглед ми е погледот на облаците,омилениот глас ми е гласот на пилотот кога ќе каже дека сме стигнале на посакуваната дестинација, а најомилените приказни за мене се помеѓу страниците на мојот пасош. Следуваат уште многу приказни за раскажување само бог да дава здравје“, вели Лила.