Лила од плажа на Дубаи го честиташе 1 Мај: што сакате кажете ,само не ми кажувајте како да си го живеам животот

Водителката Лила Филиповска за продолжениот првомајски викенд замина да ужива во убавините во Дубаи.

Таа со фотографија на која е облечена во црвен едноделен костим за капење порача дека животот го живее според свои правила и дека никој не може да и каже што треба да прави.

„Се можете да ми кажете, што сакате кажете, ама како да си го живеам својот живот тоа не може никој да ми каже. Честит 1 Мај другари“, напиша Лила.

Водителката во изминатиот период беше присутна во медиумите поради нејзината борба со ракот, која во неколку врати што преку инетрвјуа, фотографии и средби со публиката раска низ што се поминала додека траел процесот на лекување.

Scroll to Top