Лила по борбата со ракот: насмеана сум заради илјадниците пораки што ги добив за поддршка

Водителката и инфлуенсерка Лила Филиповска откако откри дека го победила ракот и на јавен настан се појави без перика, им се обрати на сите оние кои и испратиле илјадници пораки за поддршка.

„Еве баш вака сум насмеана заради илјадниците пораки што ги добив од вас драги пријатели, тони љубов и желби за добро здравје. А што друго ни треба?- Ако немаш здравје немаш ништо. Ама кога го имаме често забораваме да го цениме“, рече Лила.

Секој има своја борба во животот, вели Лила и никогаш не се знае кој со каков проблем се соочува, но она што е бесплатно и може да се направи е да се биде љубезен.

„Жалам што не можам на сите да ви вратам на прекрасните пораки, но еве на овој начин сакам да ви се заблагодарам искрено и од срце за одвоеното време и убавите желби“, им порача Лила на нејзините следбеници.

Таа за во наредниот период најави дека подетално ќе зборува за мојот пат се со цел да помогне некому што го поминува истото. Затоа што како што вели Лила во вакви моменти поддршката е најважна, затоа што тоа е главната сила во битката со секое зло, па и со ова“, рече Лила.

Таа првпат се појави на саемот за венчавки, после една година борба со канцерот, со кратка коса. Лила и покрај тешката година низ која минала, конечно со насмевка на лицето, во црн секси фустан и во свој стил настанот го сподели на социјалните мрежи.

 

 

 

Scroll to Top