Лина Ѓорческа го освои турнирот во двојки во Италија

Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа го освои турнирот во игра на двојки на ИТФ фјучерсот вреден 25.000 долари во Санта Маргерита ди Пула во Италија.

Ѓорческа во финалето во двојки, заедно со Холанѓанката Ева Ведер, како први носителки убедливо во два сета со 7-5, 6-2 триумфираа против хрватската двојка Лукас и Бошковиќ.

Scroll to Top