Лина Ѓорческа го освои турнирот во Хенинген

Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа освои уште еден пехар во кариерата, откако славеше заедно со Аљона Фомина-Клоц на турнирот во Хенинген.

Ѓорческа и Фомина за само 64 минути со 6-2 и 6-4 ги совладаа Екатерине Горгазде и Катерина Хобгарски за триумф на турнирот.

Македонската тенисерка оваа година освои уште еден пехар, исто така во двојки, додека во сингл-конкуренција во кариерата има освоено 12 титули.

Scroll to Top