Лина Ѓорческа ќе игра во финалето на турнирот во Талин

Македонската тенисерка Лина Ѓорческа се пласираше во финалето на фјучерс турнирот во Талин, Естонија откако ја победи Зејнеп Сомнеж од Турција со 2:0 во сетови за еден час игра.

Ѓорческа двата сета ги доби со идентичен резултат, 6:3 во гемови.

Во финалето, што се игра утре, Лина ќе се натпреварува против Јанина Викмајер, која во минатото беше и меѓу првите 20 тенисерки на ВТА листата.

Scroll to Top