Лина Ѓорческа помеѓу четирите најдобри тенисерки на турнир во Грција, ќе игра за место во финалето

Тенисерката Лина Ѓорческа се пласираше во четирите најдобри на турнирот во грчкиот град Ираклион. Таа успеа со два сета да ја совлада Софија Рочети од Италија.

dobivaj vesti na viber

Ѓорческа за да обезбеди место во финалето ќе игра против Романката Бјанка Булгару, која ја победи пред само неколку дена во финалето на првиот турнир на грчкиот остров Крит.

Победничката од овој дуел ќе се бори за титулата против подобрата од вториот полуфинален меч помеѓу Екатерина Макарова (Русија) и Дарја Семенистаја (Летонија).

 

Scroll to Top