Поп-пејачката Викторија Лоба сака да прочита добра книга, обожава трилери и боса-нова музика. Таа ви препорачува…
Книга
Ја препорачувам „Иднина“ од рускиот писател Сергеј Лазарев, но и сите негови останати книги кои имаат македонски превод. Лазарев е човек со извонредна дарба и моќ на препознавање на психолошките проблеми и на физичките болести. Во неговите книги секој ќе се пронајде и ќе може да проба да ги надмине своите стравови и проблеми.
Филм
Наместо филм ја препорачувам трилер-серијата „Црна листа“. Секоја епизода е повозбудлива од претходната и никогаш не знаеш како ќе заврши. Интригата и играта на интелигентниот Рејмонд Редингтон нема да ве остават рамнодушни.
Музика
Препорака за музика е францускиот бенд „Новел ваг“ кој ни нуди композиции во стил њу вејв, боса нова, лаунџ. Тоа е музика што изобилува со уникатен звук на ’70-тите и ’80-тите дополнет со нежни и елегантни женски вокали кои ве носат во малку поинаков свет од овој на нашата реалност.