Лозано, „Некст тајм“ и Димитар Андоновски добија благодарници за 1 000 години од Бигорскиот манастир

Вчера (18.10.2020) се одбележаа 1 000 години од основањето на манастирот „Свети Јован Бигорски“. Целиот настан се одвиваше во строги протоколи за заштита од Ковид -19, со заштитни маски и на дистанца. Оние кои сакаа да бидат дел од настанот можеа да го следат преку фејсбук-профилот на манастирот.

 

Меѓу присутните на церемонијата со која се одбележа овој значен ден за манастирот беа и браќата Стефан и Мартин од „Некст тајм“, Влатко Лозаноски и Димитар Андоновски, кои добија благодарница од манастирот за нивно залагање.

Манастирот е основан во чест на Свети Јован Крстител и од своето создавање до денес е Божји храм кој претставува духовно светилиште на сите православни христијани.

Scroll to Top