Лозано промовира нов спот

Македонскиот пејач Влатко Лозаноски денес ја промовираше својата нова песна „Километри“. Поп-песната има и етно елементи и впечатлив рефрен. И оваа песна Лозано ја сними со своите долгогодишни соработници, Лазар и Магдалена Цветкоски. Спотот се снимаше во Охрид, а го изработи „Веста продукција“ од Битола.

„Текстот на песната е доста емотивен. Сигурен сум дека во него ќе се пронајдат многу луѓе, особено оние кои не живеат повеќе во својата татковина“, рече Лозано за „Репортер“.

Тој додаде дека песната е малку поинаква од претходните, но во стилот на „Ова лето ќе се памти“, со која постигна голем успех минатата година.

Scroll to Top