Лозано за Илинден ќе пее во Маврово

Влатко Лозаноски – Лозано на 2. Август ќе одржи концерт во еден од хотелскиот комплекс „Радика“ во Маврово. Лозано со неговиот бенд ќе одржат двочасовен концерт за сите љубители на добрата музика.  „Километри“, „Јако, јако“, „Жена како ти“, „Сонце не ме грее“, како и новите песни „После полноќ“, „Ме нервираш“ ќе се пеат на концертот на Лозано, а се очекува да дојде публика скоро од сите краишта на Македонија. Настапот ќе биде покрај надворешниот дел на базенот и ќе започне во 19 часот. Влезниците ќе се продаваат по цена од 650 денари, а од менаџментот на хотелот велат дека ќе има и можност да се закупат високи маси. Влезниците наскоро во продажба ќе може  да се купат онлајн, преку продажната мрежа на „www.kupikartizase.mk

Scroll to Top