Луѓето ме сакаат, а од мојата девојка Марина имам најголема поддршка: Горан Алачки, кандидат за градоначалник на Берово

Познатиот хармоникаш Горан Алачки ја прифати кандидатурата за градоначалник на Берово од партијата Интегра. Со ова и тој влезе во листата на јавни личности во трката за градоначалници на претстојните локални избори. Во разговор за „Репортер“, Алачки ни рече дека се надева на победа во Берово оти сака овој град да го направи светски туристички центар.

На прашањето од каде и како со паријата Интегра, тој вели: „Јас не ја избрав партијата, туку од Интегра ме избраа мене. Ми се јавија за да ме прашаат и јас решив да ја прифатам оваа работа. Мислам дека моето име и презиме е доволно познато за бидам на оваа функција. Како уметник поинаку гледам на работите. Сакам да го развијам Берово да биде светски центар, туристичко место“, изјави Горан Алачки за „Репортер“, кој веќе две години живее во селото Владимирово.

Како политички независен кандидат вели: „До сега видовме што направија – ништо. Ни едните што беа на власт ни и другиве што се сега на власт, ништо не покажаа. А народов тука е разединет, јас сакам да ги спојам луѓето. Имам некој бекграунд, вредности и сум се докажал како уметник. Не сум политички ориентиран. Да ви кажам искрено, многу луѓе ми се јавија да ми кажат дека не планирале да гласаат, ама кога дознале дека сум кандидат, рекоа дека ќе излезат да гласаат за мене“, ни открива Алачки.

На прашањето што ќе биде ако стане градоначалник, ќе ја стави ли настрана музиката, вели: „Јас лани имав седум авионски билети што ми пропаднаа, куп семинари, музички настани, турнеи. Музиката секогаш е дел од мене, но јас планирам целосно да се насочам на оваа работа“.

Ни откри и дека ја има најголемата поддршка од својата девојка, новинарката Марина Дојчиновска, со која подолго време е во љубовна врска. Алачки беше во брак со пејачката Адријана, со која имаат две деца.

Александра Георгиев 

Scroll to Top