Магазинот „Убавина и здравје“ со одлична забава и многу познати фаци го прослави својот 16-ти роденден

Магазинот „Убавина и здравје“ со топ забава го прослави својот 16-ти роденден, а на настанот ја прослави хуманоста и ги награди добрите дела.

„Ова се општествено одговорните компании, хуманитарците и активистите, кои со својот пример нè поттикнуваат и ние самите да се осмелиме да направиме добро дело“, велат од тимот на „Убавина и здравје“.

Награда за хуманост за Здружението за активно вклучување и соодветен третман на лицата со попреченост Equality. Наградата ја подигна претседателот на здружението, Гере Трипков.

Награда за општествена одговорност за компанијата „Макпетрол“ за проектот – „Крени глас против врсничко насилство“. Наградата ја подигна Цветанка Калошева од маркетинг-агенцијата New Moment.

Награда за најинспиративен универзитет за Универзитет Скопје за континуитетот во општествено одговорните практики насочени кон младите луѓе. За признанието се заблагодарија Љупчо Миленковски и доц. д-р Ангела Миленковска, а на сцената им се придружија и другите членови од тимот.

Награда за хуманост за Весна Миленкоска, која во морето инфлуенсери и хаштагови на социјалните мрежи нè освои со иницијативата „Зготви и подари“.

Награда за општествена одговорност за веледрогеријата „Септима“, за влогот и поддршката која брендот Vichy ја дава за едукација во насока на превенција и рано откривање на канцер на дојка. Признанието го прими Ивана Јанева Попов, бренд-менаџерка на Vichy во Септима.

Награда за хуманост за г-дин Бобан Стефковски за неговите лични дела преку кои ја има покажано својата хуманост, како што се донациите во повеќе хуманитарни организации, иницијацијата за организирање хуманитарен концерт за собирање средства за лекување на 19-годишниот Никола Ѓорѓиев кој боледува од канцер на коски, донациите на 20 колички за лица со инвалидитет и многу други.

Награда за хуманост за Фондацијата „Ице Бегов“ за проектот реализиран во Гевгелија – првиот инклузивен парк „Ице Бегов“, во чест на прерано починатиот Ице. Признанието го прими неговата мајка, Елена Бегова.

На настанот беше претставен и новиот изглед на веб-порталот ubavinaizdravje.mk, по што забавата можеше да започне.

Гостите, меѓу кои имаше и бројни инфлуенсери, џетсетери и лица од естрадата, се загреаја со музичката селекција на Диџеј FREEKY, а познатата пејачка Викторија Лоба и нејзиниот бенд се погрижија за добрата атмосфера на забавата која траеше сè до полноќ.

„Уште една забава за паметење“ – гласеа коментарите по завршувањето на роденденската забава во организација на највлијателното списание за животен стил во регионот. На 21. мај, „Убавина и здравје“ го прослави 16-тиот роденден со стил, во волшебниот амбиент на ресторан Парк, заедно со своите пријатели и соработници.

Повеќе од 500 гости се забавуваа и уживаа во незаборавната вечер, на која беа доделени и награди за општествена одговорност, хуманост и активизам.

Благодарни за секој купен број, за секој прочитан текст, или вест на порталот, за секој клик, лајк и поддршка, за секоја соработка, за секој влог. На крајот, благодарни сме што сте тука вечерва!“, главната и одговорна уредничка на списанието „Убавина и здравје“, Јована Стојменовиќ, им се обрати на присутните и им се заблагодари во име на целиот тим.

Ги поздрави и главните поддржувачи на роденденската забава: брендовите за убавина Catriceи essence кои обезбедија подароци и многу изненадувања за гостите.

Пријатели на настанот беа и дермокозметичкиот бренд CeraVeRevalidVersace Dylan Purple, Eli Saab како и приватната високообразовна установа Универзитет Скопје, кои ги презентираа своите производи и услуги во специјалната зона на искуства.

Yes to fresh пријателите на „Убавина и здравје“, Mentos, се погрижија гостите да останат свежи до крајот на вечерта.

 

Scroll to Top