Маја Глигоровска, некогашната мис денес посветена учителка  

Маја Глигоровска (36), некогашна манекенка, фотомодел и мис бикини универзум, се повлече од модниот свет. Таа денес работи како одделенски наставник во ОУ „Браќа Миладиновци“ во населбата Аеродром. Од неодамна е магистер по односи со јавност на Правниот факултет при УКИМ. Иако во моментов нема момче, вели дека е среќна, а најголем приоритет ѝ е синот Тино (11) , кого го има од претходниот брак. Во интервју за Независен.мк таа раскажала дека по 10 години активна работа како манекенка и фотомодел, избори, ревии и кампањи, и денес сè уште ја сака модата.

Маја раскажала за тоа како станала манекенка, откако Лила Филиповска ја поврзала со луѓето од Лотарија. „Тие ме ангажираа како следна лото-девојка и оттука почна сè и ми се отворија сите врати. Во мое време на прсти се броевме тие што бевме ангажирани во 90 отсто од проектите. И слободно ќе кажам од модата заработувавме и живеевме многу убаво. Сега не е така, и во однос на заработувањето, а и најголемиот проблем го лоцирам во социјалните мрежи“, ракла Маја. Неодамна го откажала учеството на изборот за мис на мајки, на кој требало да настапува заедно со 70 учеснички од цел свет, но брзо сфатила дека не ѝ треба тоа сега, во оваа животна фаза.

За работата како одделенски наставник, пак, вели: „За ова се определив уште кога одлучував што ќе студирам. По природа сум дечар и уживам работејќи го она што вистински го сакам. Децата се најискрените суштества, среќна сум и исполнета кога поминувам време со моите ученици… секојдневно учиме“. Целото интервју прочитајте го тука

Scroll to Top