Маја Глигоровска за посетата на Острог: Тука ја смирувам душата кога ми е најтешко

Поранешната манекенка Маја Глигоровска, сега наставник во одделенска настава во основното училиште „Браќа Миладиновци“, неодамна беше во манастирот „Свети Василије Острошки“ во Црна Гора. Не крие дека е голем верник и дека доаѓа тука, за да си ја смири душата. Не крие дека тука наоѓа спокој и како вели, секогаш ова место ѝ помага и тогаш кога ѝ е најтешко.

Во разговор за Репортер, таа ни кажа дека не е прв пат да го посетам Острог, оти, како вели тоа е манастир со исцелителна моќ, каде најчесто луѓето на Св. Василиј Острошки му се молат за здравје. 

За време на посетата на манастирот, таа ја испочитувала традицијата, пешачејќи боса до горниот манастир. Вели : Одењето пеш е традиција, се оди од долниот манастир до горниот манастир, бос, пред да влезат во црквата да се молат пред Свети Василиј Острошки“.

„Одамна е познато дека по посетата на ова светилиште многу болни оздравеле и луѓето се сведоци на секакви чуда кои се возможни само со помош и верба во Бога. Јас сум религиозна и не кријам дека се будам и заспивам со вера во Бога. Никогаш не ја заборавам молитва за мене и сите мои блиски. Овој пат  Острог го посетив за крај на богородичните пости. Заминав таму за да си ја смирам душата, да ја почувствувам уште еднаш таа енергија, да преспијам и да присуствувам на утринската литургија“, ни открива Маја за Репортер. 

 

Во разговорот ни кажа дека за неа благослов секој нов ден кој го живее. Дека покрај тоа што оди да се помоли , оди во црква одам да се заблагодари на Бога за сѐ што има во животот.

„Особено е важно во црква да одиме и да се заблагодариме за сѐ што имаме, а не само да се молиме за она што го посакуваме. Имам свој духовен отец од кој имам многу научено за верата, тоа е отец Михаил од црквата „Св. Јован Крстител“. Секогаш кога сум во можност ја посетувам утринската литургија токму во оваа црква. Тоа е местото каде ги одморам душата и телото . Отец Михаил е човек кој секоја болка со неговата моќ ти помага да ја ублажи и знае да те научи како треба“, ни раскажа Маја.

 

Некогаш Маја беше дел од домашните модни писти и додека се занимаваше со манекенство. И денес изгледа одлично и е во топ форма. Работи како наставник во основно училиште и е исполнета со својата работа. Се подготвува за почетокот на новата школска година во основното училиште „Браќа Миладиновци“ и се радува на новата средба со учениците.

Вели дека ја сака својата професија, и дека е строг наставник кога е потребно. Маја е мајка на 16 годишниот Константино. Со манекенство се занимава ретко, но, во март годинава, Маја беше дел од јубилејната модна ревија, за 20 години од Модната недела во Скопје. Таа прошета на ревијата заедно со своите колеги од нејзиното време:  Мики и Светлана Црнокрак, Марија Васиќ, Вера Мештеровиќ, Ирена Спировска, Ана Биновска  и други.

Александра Георгиев 

 

Scroll to Top