Маја Панчева слави јубилеен роденден

Пејачката Маја Гроздановска Панчева денес прославува јубилеен 50. роденден. Ќерките Надица и Марија преку Инстаграм и честитаа на нивната мајка со неколку фотографии од заеднички моменти.

„Од првиот ден се грижеше за мене, ме сакаше и ме натера да се чувствувам сигурно и среќно. Никој друг не можеше да го направи тоа за мене. Никој никогаш не може да ме натера да се чувствувам така. Имај го најсреќниот роденден, те сакам“, напиша Надица на Инстаграм.

Маја Гоздановска Панчева и ќерките Надица и Марија неодамна се појавија како поддршка на фудбалската легенда Дарко Панчев на промоцијата на документарниот филм „Патот на Кобра со ѕвездите“. Тие зборуваа за успехот на нивниот најважен човек во животот, сопруг и татко.

„Се воздржувавме сите три да не заплачеме затоа што во многу наврати и фамилијарно се случувало да погледнеме некои голови од тато. Веќе се возрасни и поголеми и да ги подучиме каде тато правел, што играл. Но мислам дека ова е само дел од она што Дарко го направил. Ќе има уште многу, многу серии каде што ќе ги гледаме“, рече Маја Гроздановска Панчева за Репортер.

Најдраги моменти во семејството Панчеви, се смејните седенки додека се гледа фудбалски натпревар на познати фудбалски екипи.

„Искрено татко ми често пати гледа на телевизија фудбал, знаеме со него заедно да изгледаме натпревар, кога поголемите екипи играат. Знаеме да следиме и да искоментираме нешто и тоа се едни од најубавите фамилијарни собиранки“, изјави поголемата ќерка на Панчеви, Надица.

Scroll to Top