Македонец донираше 31.000 денари на лицитација за наградата на ДНК освоена на „Златна бубамара на популарноста“

Наградата „Златна бубамара на популарноста“ за група на годината што неодамна Панчо и Андреј ја ставија на лицитација, е продадена, а средставата ќе бидат донирани за Фондација Марко Божиновски. Највисоката дадена понуда изнесувала 31,000 денари.

„Сега веќе и официјално ја завршивме акцијата преку која сите Вие ја покажавте вашата хуманата страна. Наградата „Златна бубамара на популарноста“ за група на годината која неодамна ја освоивме, заврши во рацете на родителите на Антонио Сандевски (човекот не можеше лично да ја подигне бидејќи живее во странство), кој понуди највисока сума на лицитацијата. Целиот износ замина во Фондација Марко Божиновски, односно кај мајката на Марко – Сашка, која најдобро знае каде средствата се најпотребни. Уште еднаш сакаме да искажеме огромна блогадарност до Антонио за неговата хуманост, како и на сите вас кои учествувавте во лицитацијата“, информираа од ДНК.

Кога ДНК објавија дека нивната статуетка од Бубамара ќе ја стават на лицитација со цел финансиските средстава да завршат во хумани цели напишаа дека наградите од секогаш биле добредојдени за еден уметник како мало признание за трудот и се преблагодарни на Ранко Петровиќ и „Златна Бубамара“ за дадената награда и укажаната чест за истата.

Scroll to Top