Македонката Симона Аврамова го нашминка Меси за најлајкуваната фотографија со Кристијано Роналдо

Македонката Симона Аврамова го нашминка аргентинскиот фудбалер Лео Меси и се погрижи за неговата фризура за најлајкуваната фотографија со Кристијано Роналдо во модната куќа „Луј Витон“ како двајцата играат шах на куфер од истоимената модна куќа.

Симона работи како професионална шминкерка на релација Барселона – Париз. Таа често се потпишува како стилист на фотосесии и реклами на познати личности.

Иако Симона работи со познати ѕвезди, таа не објавува фотографии од нејзината работа на нејзиниот приватен профил на Инстаграм.

Фотката на профилот на Роналдо собра над 38 милиони лајкови, додека на профилот на Меси 29 милиони лајкови.

Фото: Инстаграм

Scroll to Top