Македонски автори ја направија бугарската песна за Јуниор Евросонг

Васил Гарванлиев, Давор Јордановски и Весна Малинова ја направија песната „Гласот на љубовта“ со која Бугарија ќе настапи на Јуниор Евросонг. Песната ќе ја пеат Денислава Димитрова и Мартин Стојанов, а таа ќе биде официјално претставена на 13 ноември (сабота) во емисијата „Денот почнува со Георги Љубенов“ на „БНТ 1“.

Денислава Димитрова и Мартин Стојанов се дел од вокалното студио „Сарандев“ од Добрич. Двајцата пеат веќе неколку години и имаат освоено многу награди. Како дует настапуваат од 2017 година под раководство на вокалниот педагог Елена Карабелова.

Јуниор Евровизија ќе се одржи на 19 декември во Париз, а ќе настапат изведувачи од 19 земји. Македонија ќе ја претставуваат децата од „Дајте музика“.

Scroll to Top