Македонски танчери со Даунов синдром освоија злато на Светското првенство во хип-хоп

Ана, Моника, Ена, Александар, Оливер, Христијан и Дарко, танчерите со Даунов синдром од танцовото студио „Денсерс јунајтед“ го освоија златото на Светското првенство во хип- хоп танци во пара-категорија. Светското првенство се одржа викендов во Полска.

„Тие се вистински амбасадори на Македонија. Во чест на октомври, месец за подигање на јавната свест и прифаќање на лицата родени со Даун синдром, ви ги претставуваме седумте танчери – Европски шампиони кои се спремаат за Светското првенство во Хип-хоп во Полска. Одиме на златото!“, напишаа од танцовото студио пред три недели, додека траеја подготовките.

Scroll to Top