Македонскиот диџеј Галоски специјален гостин на Тиесто во Скопје

Македонскиот диџеј Галоски ќе има специјален сет на концертот на Тиесто во Скопје на 16 јуни. Тој ќе настапи пред најголемата ѕвезда на електронската музика да го почне своето шоу, објави „Авалон продукција“.

Галоски последниве неколку години издаде музика која доби огромна поддршка од големи имиња од електронската музичка сцена, а лани основаше и своја издавачка куќа, Unlimited Fuego, чии изданија ги поддржаа Тиесто, Афроџек, Мартин Герикс, Дејвид Гета, Стив Аоки и други.

Тиесто неодамна беше прогласен за најдобар диџеј на сите времиња според магазинот „Максмаг“, а тој е најдобар диџеј и според „Ролинг стоун“ и Билборд.

 

Scroll to Top