„Џган“, првиот игран филм на македонскиот режисер Вардан Тозија освои Гран-при на Филмскиот фестивал во Кицбил. Фестивалот се одржуваше од 21 до 27 август.
Македонски продуцент на филмот е Огнен Антов од „Дрим фактори“, а е во копродукција со Албанија. Главните улоги ги толкуваат: Мартин Ѓоргоски, Дениз Абдула и Никола Ристановски.
Ова е уште едно меѓународно признание за филмот кој се осврнува на светот во кој за децата штитеници од дом за деца без родители постои само називот „џган“.
Филмот учествуваше и на најголемиот азиски филмски фестивал, во Шангај, како и на Меѓународниот филмски фестивал во Дурбан, Јужна Африка.