Македонскиот фудбалер Дарко Чурлинов освои пехар во Англија

Македонскиот репрезентативец Дарко Чурлинов со неговиот тим Барнли го освоија трофејот за шампиони на Чемпионшип лигата на Англија. Барнли кој оваа сезона беше најдобар во втората по ранг лига во Англија. повторно од наредната сезона ќе игра во Премиер лигата, предводен од Винсент Компани.

Чурлинов се фотографираше со трофејот и го повтори успехот од минатата сезона кога играше во Германија во Шалке 04, тим со кој исто така успеа да се пласира во посилната Бундес лигата.

Засега останува нејасно дали Чурлинов ќе остане во Барнли. Досега играше како позајмен, па ќе мора да се врати во Шалке. Останува нејасно дали англискиот клуб ќе ја продолжи позајмицата или ќе го откупи или пак ќе го гледаме нашиот фудбалер во некој друг клуб идната сезона.

Scroll to Top