Македонскиот таеквондист Дејан Георгиевски освои бронза на меѓународен турнир во Бугарија

Македонскиот таеквондист Дејан Георгиевски освои бронзен медал на Меѓународниот таеквондо турнир „Бугарија опен“ од светскаката серија Г2.

„Бронза и нови поени за олимписка норма со две доминантни победи над Михопулос Сотирос од Грција и Харбар Андреј од Украина. Дејан за жал не може да се бори во полуфинале поради незгодна повреда на десната шака, се надеваме дека не станува збор за скршеница. Теквондо е фулконтактен боречки спорт во кој многу често се минува низ пеколни повреди, Дејан поминал премногу, и тоа го прави вистински шампион. Искрено се надеваме дека овој пат се ќе мине полесно“, информираа од Македонската таеквондо федерација.

Следниот предизвик Георгиевски го очекува за две недели во Белгија.

 

Scroll to Top