Таа прва љубов на тета. И од сите најголема.
Со првото годинешно училишно ѕвонче стана прваче. И ја направи тета најсреќна на свет! Зашто тета неизмерно ја сака. А како и не би, кога е толку убава и слатка, а и неодоливо потсетува на неа… како таа да е „македонското девојче во мини издание“! А, можеби и ќе биде, зошто да не? Ако покрај сличноста и убавината, од тета го наследила и талентот за пеење.
Поривот за убав изглед веќе го има. Па не случајно заедно со тета прават исти фризури… виткани во косите како пејачки! Едната сегашна, позната и мегапопуларна, другата можеби идна? Само претходно, мора да се заврши училиштето. Дури потоа тета ќе и ги открие сите тајни на пеењето и естрадата!
А до тогаш, тета не пропушта секој слободен миг да го помине со неа… Тета Каролина Гочева и нејзината внуката, малото прваче Луција!