Манекенката Цеце Орешкова ја покажа ќерката

Два месеца откако се породи, манекенката Цеце Орешкова објави прва слика од ќерката Кара Розмари што ја има од бракот со манекенот Кристијан Георгиев. „Малата принцеза е твоја копија“, ѝ напишаа во коментари нејзините пријатели. Тие ѝ порачаа дека девојчето е преубаво, но и дека им се допаѓа нејзиното необично име.

Цеце е во брак со поранешниот манекен Кристијан Георгиев, со кого се венча по долгогодишна врска. Пред да се породи, тие направија заедничка фотосесија на која Цеце позираше со гол труднички стомак.

Во моментов Цеце и Кристијан не се активни во модниот свет, а времето го минуваат во нивниот коњички клуб. Двајцата се големи љубител на животните, па Цеце од Кристијан доби коњ како свадбен подарок.

Scroll to Top