Маричиќ за познатиот македонски диџеј: Два дена со мислите, постојано сме со Мирко Попов

Два дена со мислите постојано сме со Мирко Попов. Состојбата е критична и неизвесна, напиша на социјалните мрежи вицепремиерот Бојан Маричиќ.

„Мирко се бори за живот. А, сите кои го познаваме сме со силна надеж и верба дека тој мора да продолжи и дека ќе продолжи понатаму. Мирко, не те даваме“, пишува Маричиќ.

„Твојата сила е твојата публика. Борбата за живот продолжува, борбата за нашата кауза продолжува“, додава вицепремиерот.

Мирко Попов (51), еден од најпознатите македонски автори и продуценти на електронска музика, бил хоспитализиран на една од скопските клиники.

Попов е македонски диџеј и продуцент на електронска музика, кој со оваа професија се занимава уште од осумдесеттите години.

Првиот професионален диџеј ангажман го добил во 1992 година и оттогаш не престанува со настапи.

Scroll to Top