Марија и Бојан си одат од Македонија

Марија и Бојан од „Ај Кју“ се селат од Македонија и ќе живеат во Лондон. Тие денеска заминаа за Англија, откако неодамна добија виза. Веста дека си одат ни ја потврди Марија, која ни рече дека е среќна што конечно тргнуваат.

„Летаме рано изутрина и едвај чекам да тргнеме. Многу сум возбудена, највозбудена“ откри пејачката за „Репортер“.

Марија и Бојан последниве две години често одеа во Англија каде што имаа настапи, но и снимаа со англиски продуценти.

Минатиот викенд тие настапија на „Макфест“ со песната „Ти си ми сон“, а ова беше нивни прв настап на фестивалот во Штип по пет години. Пред неколку години ја претставуваа Македонија на „Евросонг“ со песната Lost and Found, но не влегоа во финалето.

А. Јовановска

 

Scroll to Top