Марија Спасовска повторно го освои интернационалното жири на Интернационалниот фестивал „Тра-ла-ла“ кој се одржа во Охрид и Битола. Таа на гала-концертот што се одржа во Битола беше прогласена за Best Voice од претседателот на Интернационалното жири, кој покрај пехарот „Ѕвезда“ ѝ додели и школарина за вокална техника во Романија.
Марија во април 2019 ќе престојува во Романија и ќе ги усовршува своите вокални способности и техники. Таа ќе ја претставува Македонија и на нови два фестивала во Швајцарија и Полска.
Фестивалот се одржуваше од 14 до 18 август на кој учествуваа преставници од 18 различни земји од Европа.