Марија Спасовска ја промовира новата песна „Венера“

Пејачката Марија Спасовска го промовираше спотот за најновата песна „Венера“. Таа е автор на песната, аранжманот е на Иван Јованов-Ивајо, а спотот го снимија од продуцентската куќа Urban Records. Марија ни рече дека е презадоволна од сработеното.

Одамна ја имав компинрано оваа песна и го чекав вистинскиот момент за да ја промовирам. Соработував со Ивајо, кој се потруди за финалниот продукт. Планот за следната година ми е да бидам уште повеќе активна, а тоа значи повеќе песни, повеќе видеоспотови“, ни рече Марија која пред три месеци дебатираше на „Макфест“ со песната „Осамен“.

Scroll to Top