Некогашниот поп-пејач Маријан Стојаноски наскоро ќе стане татко по третпат. Сопругата на пејачот, Нашата е во подоцнежна бременост и наскоро треба да се породи.
Парот веќе ги имаат ќерката Вероника и синот Петар.
Маријан и Наташа уживаат во родителството па и често може да се забележат заедно на прошетка со нивните две деца.
Инаку Маријан и Наташа се во брак четири години. Во 2021 година тие направија венчавка во црква и крштевка за ќерката. Тогаш објавија и дека го очекуваат нивното второ дете.